| четврток, 6 декември 2018 |

Пред своето време: Футиристичките идеи на Никола Тесла

nikolaaa

Славниот научник регистрирал повеќе од 300 патенти, врз чиишто принципи се темелат многу врвни достигнувања во технологијата што ја користиме денес. За што фантазирал Никола Тесла?

1. Читач на мисли

Тесла своевремено размислувал за машина што би можела да чита мисли, а во натпис објавен во списанието „Канзас Сити џурнал пост“ во 1933 година навел неколку проекти на кои тогаш активно работел, вклучувајќи и машина што би можела да ги забележи мисловните текови. Изјавил дека ќе успее да направи машина што снима и фотографира мисли. Планот бил на симулација на мрежницата да се оцртува сè што ќе ни падне на памет, така сечиј ум би можел да се чита како книга.

Овој план никогаш не се развил, но сè уште е идејна водилка на многу научници, кои сè уште се обидуваат да ја остварат оваа замисла на Тесла.

2. Видеопренос на податоци
Слободно можеме да кажеме дека Тесла бил прв што зборувал за можности што ги имаат денешните апликации на паметните телефони и компјутери. Уште од дамнешната 1926 година Тесла предвидел дека уред во иднина ќе може да пренесува слика како што тогаш преку радиобранови се пренесувал звукот.

3. Безжичен пренос на струја
Една од најголемите неостварени желби на Тесла е безжичен пренос на енергија, при што воздухот би се користел како преносно средство. Имено, Тесла успеал да развие техника на палење светилки со помош на индуктивни спојници, но не успеал да направи толку голема мрежа, која би можела да пренесува струја. Денес научниците идејата на Тесла ја приведуваат до остварување, но сѐ уште постојат некои пречки, кои, можеби, во иднина ќе се надминат.

4. Контакт со вонземјани 
Кога во 1889 година Тесла престојувал во Колорадо, слушнал непознати звуци преку радио, за кои верувал дека не доаѓаат од Земјата. Подоцна научниците овие звуци ги поврзале со вселенските радиобранови, кои во тоа време биле непознати.

5. Moбилни телефони 
Во 1901 година, Тесла предлагал користење уред во модерен телеграфски систем. Имено, уредите би функционирале со немерливи далечини и би можеле да снимаат текстуални и гласовни пораки. Звучи познато, зар не?

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top