| четврток, 6 декември 2018 |

Ангеловски: Му дадовме вистински подарок на нашиот народ

rabotnicki-8
Екипата на Работнички го продолжува успешниот пат во квалификациите од Лигата на Европа и по трите поминати кола за македонскиот претставник останува уште бараж-дуелите. Синоќа избраниците на тренерот Игор Ангеловски одиграа, можеби, најдобар натпревар во последниве сезони на македонски екипи во еврокуповите.
На гостувањето кај турската екипа Трабзон, Работнички одигра 1:1 по 120 минути игра, а голот за нашиот тим го постигна Кире Маркоски во 112.минута.
– Им честитам на моите фудбалери за резултатот и прикажаната игра. Губевме со 1:0, а од 65. минута игравме и со играч помалку и на крајот се радувавме. Не беше лесно бидејќи за ривал имавме силен и скап тим. Ние одигравме со нашите срца, а му дадовме вистински подарок на нашиот народ. Трабзон беше добар, а ние сме победници – изјави за турските медиуми Игор Ангеловски.
По успешните елиминации на Флора Талин, Јелгава и Трабзон, Работнички денеска ќе го добие противникот за бараж-дуелите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top