Снимка во траење од 9 минути е објавена на интернет на која е прикажано мачење на синот на поранешниот либиски диктатор Моамер Гадафи од страна на чуварите во затворот. Иако не е познато кога и каде е снимано видеото, снимката била поставена на арапска интернет-страница, а веднаш потоа со голема брзина се проширила на социјалните мрежи.
На монтираната снимка е прикажан Сади Гадафи со превез на очите како прво седи во канцеларија за која се верува дека е во затворот ал Хадба во Триполи каде што е затворен по екстрадицијата од Нигер минатата година.
Гадафи облечен во зелена тренерка го тераат да слуша мачење на други затвореници, кои ги претепуваат во соседната соба. Неколку мажи на сниката, веројатно стражари, во цивилна облека, но и во униформа, го испрашуваат Гадафи.
Во еден момент, очигледно потресениот Гадафи, моли за пауза.
– Се колнам во Бога ако ме пуштите на мир ќе ви ги дадам сите информации – вели Гадафи на снимката.
Подоцна му е изваден превезот од очи и е теран да гледа како претепуваат друг маж. Во продолжение на сниката е прикажано како е навредуван Гадафи, му удираат шлаканици и го маваат со стап по табаните.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст