| четврток, 6 декември 2018 |

Апсолутно романтична порака од Трабзон: Радувај се Македонијо

rabotnicki-10

Апсолутно романтична приказна е Работнички, еден скромен тим од Македонија со играчи кои имаат лавовско срце, кои играат машки без компромис и против големи и мали екипи. Го елиминираа двоецот од Балтикот, естонска Флора и летонска Јелгава и тоа тргнувајќи во реванш дуелите во Скопје со негатива од 0-1 од гостински терен, а вечерва наптравија вистинска сензација во Турција, каде го елиминираа скапиот тим на Трабзонспор со ѕвезди од калибарот на Оскар Кардозо, Стефан М`Биа, Каванда, Констант, Зенгин….

И од Трабзон порачаа во еден глас, во прекрасно расположение: Радувај се Македонијо. Од неверојатниот голман Божиновски, преку јунаците Милан Илиевски и Кире Маркоски, потоа и капитенот Баже Илијоски, Анене, Вујчиќ, Цикарски и сите останати јунаци кои беа на теренот, преку тим-менаџерот Игор Ангеловски, до претседателот и творецот на македонското фудбалско чудо Драган Поповски.

rabotnicki-9-vtor-gol

Работнички го обели образот на мак-фудбалот и ќе игра бараж дуели во плејофот за историски подвиг и за евентуален прв настап на наша екипа во фазата по групи во Европа Лигата на УЕФА.

Ждрепката е закажана за утре од 13 часот во Нион, Швајцарија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top