-Во текот на денот пред судија на претходна постапка од специјализираното Одделение за организиран криминал и корупција беа доведени 9 лица со Предлог од Основното јавно обвинителство за органиран криминал и корупција за определување мерка притвор кој опфаќа вкупно 36 лица, поради основано сомнение за кривичното дело „Учество во странска војска, полиција, паравоени или параполициски формации“ од член 322-а од КЗ, опфатено по повеќе основи во неколку ставови од истиот член како и Предлог за определување на мерката притвор за сите 36 лица.
Судија на претходна постапка по разгледување на фактите и доказите кои беа предложени од обвинителството заедно со Предлогот за определување на мерката притвор и по сослушување на приведените во присуство на нивните бранители по предлогот на Јавното обвинителство оцени дека се исполнети условите кои произлегуваат од одредбите на Законот за кривичната постапка за определување на мерка притвор и на 9 лица им одреди мерка притвор во траење од 30 дена – стои во соопштението од судот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.