– Првата е одлуката за доделување на 80 тони нафта за потребите на градежната механизација ангажирана за расчистување на наносите од поплавите во регионот бидејќи иако дел од механизацијата е ангажиран од Дирекцијата за заштита и спасување, дел е ангажиран од локалната самоуправа која има потреба за нафта за машините- изјави Пешевски.
Втората одлука е донесена во координација со Управата за раководење со одземени предмети според која доделени се околу 20.000 парчиња како облека, ќебиња, прибор за јадење, чинии, но и ранци и друга опрема наменета пред се за семејствата кои претрпеа големи штети од поплавите.
– Со оваа мерка очекуваме да им помогнеме на погодените семејства да почнат во нормализирањето на животот. Иако е тоа само почеток, ние ќе продолжиме постојано да ја следиме состојбата и да интервенираме спрема потребите – рече Пешевски.
Пешевски информираше и дека е пробиен со една коловозна лента три дена блокираниот регионален пат Тетово – Јажинце и додаде дека се очекува сообраќајот да биде нормализиран во текот на утрешниот ден, кога ќе биде пробиена и втората коловозна лента.
Во моментот патот се користи од тешката механизација и камионите ангажирани за расчистување на над 200.000 кубни метри кал, камења и други наноси кои беа донесени од Поројска Река при големото невреме што го зафати регионов во понеделникот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Делев: Мерките кои ги презема Владата на „црната тројка“ Заев, Анѓушев и Тевдовски се антиреформски
-
Додека СДС држи празни прес-конференции, ВМРО-ДПМНЕ предлага сет мерки за помош на земјоделците
-
Пешевски: Платформата е реакција на понудите на СДСМ, граѓаните ги интересира економијата
-
Нови мерки за вработување – овојпат за невработените во социјален ризик!