Последниот македонски претставник во Европа, екипата на Работнички е на само 45 минути до подвиг и елиминација на турскиот клуб Трабзонспор, а предноста од Скопје од 1-0 се уште важи и по првото полувреме во Турција.
Реваншот почна со притисок на Трабзонспор, екипа што е проценета на над 100 милиони евра, но Чуму Анене ја имаше најзрелата шанса во почетната фаза од реваншот. Норвежанецот во редовите на Работнички не реагираше најдобро и шансата пропадна. Романтичарите умешно одолеваа на обидите на Трабзонспор да се закани посериозно, а голманот Божиновски одлично го одбрани ударот на Зенгин од десетина метри.
Ако успее да го елиминира турскиот клуб Работнички ќе ја оечкува утрешната ждрепка за плејофот во Европа Лигата на УЕФА, што е последна квалификациска рунда пред настап во ова натпреварување.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



