| четврток, 6 декември 2018 |

Јункер е за воведување мандаторни квоти за мигрантите

мигранти

Претседателот на Европската комисија Жан-Клод Јункер изјави дека нема да отфрли обврзна релокација на мигранти откако ЕУ не успеа да разреши спор околу тоа како да насели повеќе од 40.000 мигранти во Европа.

Јункер додаде дека е разочаран што нема договор за тоа прашање.

– Министрите за разлика од граѓаните имаат обврска да дејствуваат. Предложивме обврзен систем на редистрибуција на баратели на азил и луѓе на кои им е потребна меѓународна заштита, но државите членки не не следеа и присилени сме да побараме договор на доброволна база – изјави Јункер.

– Доколку немаме договор на доброволна база, мора да разгледаме предлог на Комисијата – нагласи тој.

Јункер вели дека државите членки од ЕУ „не смеат да бидат заслепени со популистичка политика која е присутна во речиси секоја држава“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top