Според Амбасадата на САД, денешната акција претставува придонес кон регионалните и глобалните напори да се стави крај на злото на тероризмот. – Како што секретарот Кери изјави: „Секоја држава може да одигра улога” во напорите да се запре и порази ИСИЛ. Соединетите Држави се посветени да им помогнат на Македонија и на другите држави во регионот и во светот во нивните напори да се борат против ИСИЛ. Како што претседателот Обама кажа во Обединетите Нации минатиот септември, оние кои се посветени на оваа итна работа, ќе најдат силен и стабилен партнер во Соединетите Американски Држави – наведува во соопштението Амбасадата на САД во Македонија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.