Претседателката на Црвениот крст – Струга Адуриме Даути информира дека граѓаните може да донираат вода и средства за хигиена на пунктовите во просториите на организацијата и на Градското шеталиште.
– Клубот на млади постави пункт за донации во просториите на Општинската организација на Црвен крст и на Градското шеталиште. Присуствува и група студенти од Тетовскиот универзитет кои ќе ја помогнат акцијата за собирање, пред се вода за пиење и средства за хигиена и дезинфекција, рече Даути.
Граѓаните може да донираат за настраданите од невремето во Полошкиот регион и на сметката за солидарноста на Црвениот крст 300000001327966, ДБ: 4030984271620 – Комерцијална Банка, на телефонските броеви за донации 075/070/077 143-400, 100 денари од повик и во општинските организации.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.