| четврток, 6 декември 2018 |

ИД зазеде клучен град во Сирија

Исламска држава зазеде денеска клучен град во централна Сирија по жестоки борби со силите на претседателот Башар Асад. Тоа е најголем пробив на радикалите откако го зазедоа историскиот град Палмира, соопштија сириски активисти.

svet145-isis-2

 

Густо населениот градт Карјатејн се наоѓа на југозапад од Палмира на околу 85 км. од Хомс. Заземањето овозможува ИД да се поврзе со региони под контрола во и околу Памира со реони во источната област Каламун во провинцијата Дамаск.

Сирискиот центар за човекови права соопшти дека терористите првично извршиле три самоубиствени напади врз контролни пунктови на армијата на влезот во градот. Во градот живеат околу 40 илјади жители ­ како и неколку илјади внатрешно раселени лица кои побегнале од Хомс.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top