| четврток, 6 декември 2018 |

Хороскоп за пивопијци: Ракот сака патриотско, Близнакот не може без него

Овен

Овните сакаат квалитно пиво кога имаат пари. Кога немаат, пијат се и сешто како да се свињи во хороскоп, а не овни. Безобзирни се и можат да испразнат и цела гајба. Не им е важно со кого и каде пијат. Всушност, тие не пијат. Тие локаат. Го цедат шишето до последната капка, дури и пивото се загрее и личи на мочка. Се на се,Овнот не е Овен во хороскоп туку пивско буре.

Бик

Биковите се арогантни копилиња, на кои не им е доволно само добро ладно пиво, туки мораат да пијат и нешто жестоко покрај тоа. Тој не пие затоа што сака, туку лока за да се наштима, да се остави од алкохол и да се направи ко канта. Го пие најевтиното пиво со цел да има повеќе, бидејќи Бикот по природа е дупка без дно, кога станува збор за пиво. Жешко, топло, ладно, тој не бира. Бидејќи е стипса, најмногу ужива кога некој го части, а дури после вади пари и тајно пие зад продавничка.

Близнаци

Близнакот пие дупло. Кога нарачува, секогаш бара двојна доза, бидејќи е навлечен на пиво како никој друг. Не може да биде без него дури ни еден час. Ма, кој еден час… Не може ни 10 минути, а да не зборуваме што ќе се случи ако цел ден не пивне ни малку пивото. Тие се малку чудни, па сакаат да се начукуваат и во семејна атмосфера и без никаков повод. Најчест изговор им е дека само така им легнува ручекот.

Рак

Ракот како емотивец, емотивно се поврзува за секое шише пиво, па дури и кога тоа е празно. Малку повеќе е чудак, па сака топло пиво. Не знае дека постои фрижидер. Голем патриот е и купува само домашни пива. Во љубовта најмногу му се допаѓаат лица кои, исто така, сакаат да пијат топло пиво, во народот познато како „чај“.

Лав

Како што кажува името на овој хороскопски знак, Лавот пие пиво со истото име. Се пали на тоа дека тоа е вистинското пиво за овој знак, а всушност потајно пие други пива кога никој не го гледа, за да не испадне сељак. Пивото го пие исклучиво пред продавничка, бидејќи според него, таму најдобро се чувствува, а всушност, само за толку и има пари. Не би пиел пиво в кафана, бидејќи за тие пари може да голтне 3 пред продавница.

Девица

Девици, но во никој случај невини. Секојдневно има секс со шишето во уста. Лока како да ја доеле со пиво во раното детство. Како од градите да течело пиво наместо млеко. Имаат добри бубрези поради големото пиење пиво и никогаш немале такви проблеми со здравјето. Значи, пие пиво, болен не е .

Вага

Вага никогаш не може да одлучи кое пиво најубаво му лежи. Час пие домашно, час странско, час точено, час темно. Овој знак, особено сака да се дрогира со пиво. Без џоинт пивото, не е тоа, тоа. Кога ќе се искриви од пиво, ги замара сите бидејќи се мисли дека е најпаметниот, а зборува само тешки глупости кои никој не сака да ги слуша. Досадни делукс.

Скорпија

Без пиво, Скорпиите не се чувствуваат живи. Понудете им пиво и гледајте каква насмевка ќе добиете за возврат. Овој знак и задник би дал за ладно пиво. Или два. Или три. Или многу. Кога има пари купува цела гајба и си ја пијуцка сам. И таа гајба не им е доволна, ама ајде. Пивопиец на квадрат. Скорпијата секогаш има посебно место каде што пие, обично на клупа во близина, бидејќи кога ќе се одземе од локање, може брзо и лесно да доползи до дома и да се фрли во кревет.

Стрелец

Стрелеците се врста на пивопици кои кога ќе се начукаат, ги пукаат емоции. Ќе се налока пиво, а потоа сака да се оддели од друштвото и да ѝ се јави на бившата. Смараат со романтика бидејќи така ги погодува пивото. Во состојба се сите пари ги сплискаат на мобилни и на пиво. Овие работи не се делат кај овој знак.

Јарец

Јарецот е чуден знак. Кога им нудите пиво, одбиваат, демек затоа што не пијат пиво, а кога нема да ги понудите ќе испијат цел резервоар директно од пиварница. Се лажат себеси дека можат без пиво, а потоа се помируваат со судбината и се начукуваат за медал. Можат да испијат колку два просечни мајстори физикалци. Обожаваат да пијат од шише, а пиво од чаша, според нив, е греота да се пие. Чудна сорта се овие Јарци.

Водолија

Сака да експериментира. Егзотичните пива им се омилени. Со лимон, портокал, капини, јогурт и кој знае со што не Водолијата би пиела пиво. Кај нив обичното пиво не врши работа. Како водата, воопшто не им е интересно. Пивкање на евтино пиво пред продавница е голем срам за нив. Може комшиите ќе ги видат и ќе зборуваат  се и сешто низ маало…

Риби

Рибите се најголемите алкохоличари и пивопијци од цел хороскоп. Тие се рекордери. Во просек им требаат околу 7 минути за да манат едно пиво, ако не им се брза. Фокусирани се само на пивото кое го пијат и не можете да им го одвлечете вниманието или да им го растурите задоволството на пиење пиво. Имаат фетиш да го испијат цело пиво во една голтка, без да трепнат. Тие се луѓе од пиво и никогаш нема да ве одбијат кога ќе им се јавите за на по едно.

 

Автор: besnopile.rs

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top