Концерт на виолинистката Марија Солозобова и пијанистот Владислав Броневецки ќе се одржи вечерва во 21 часот во црквата „Св. Софија“, во рамките на фестивалот „Охридско лето“. На програмата се дела од Брамс, Чајковски и Сен-Санс.
Солозобова е една од највпечатливите виолинистки на својата генерација, а нејзината кариера е во постојан подем. Активно настапува во некои од најпрестижните концертни сали во светот, а соработувала со голем број еминентни диригенти, меѓу кои: Владимир Спиваков, Михаи Танг, Владимир Федосејев, Дејвид Зинман и др. Нејзиното свирење го опишуваат како комбинација од виртуозна моќ, креативна спонтаност и елеганција. Репертоарот на Солозобова е разновиден и опфаќа дела од периодот на барокот, класицизмот и романтизмот, сѐ до дела пишувани во 20 и во 21 век.
Броневецки својата концертна активност ја започнал од рана возраст. Неговата префинета техника и суптилна интерпретација го носат на некои од најзначајните фестивали и концертни сали во светот. Како солист и камерен музичар настапувал со голем број реномирани уметници и оркестри. Неговиот репертоар е широк и разновиден.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст