| четврток, 6 декември 2018 |

Што симболизира знамето во Тутунсуз џамијата?

Tutunsuz ddzamija (12) (Custom)

Паштунската традиција за употреба на црни знамиња со бел натпис шахада (муслиманско кредо, кое изразува верување дека Господ е еден и со кое се прифаќа Мухамед како негов пратеник) е воведена од династијата Хотаки, која во 18 век управувала со Авганистан, а е прифатена од талибанците по преземањето на власта во Авганистан во 1997 година.

jihadisticko zname

Неколку години подоцна, од 2001 година, повеќе вооружени исламистички групи почнуваат ова знаме да го користат како свое обележје.

Оттогаш знамето станува симбол на муџахединското движење, кое го прифаќа дури и Ал Каеда. Така црното знаме почнува да се смета како „знаме на џихадот“. Во 2010 година знамето го користи како свој симбол и Исламската држава на Ирак и на Левант, позната како ИСИЛ.

Истото такво црно знаме со бела шахада беше регистиран од медиумите во Тутунсуз џамијата по антитерористичката акција во која според за сега неофицијални информации има девет уапсени меѓу кои и имамот од џамијата Раџеп Мемиши, а по 27 се трага.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top