Колку, навистина, е штетно по здравјето заспивањето со мокра коса? Причината за настинка се бактериите и вирусите, па за да настинете потребно е да биде изложени токму на нив.
Кога легнувате со мокра коса, телесната температура малку ви се снижува, а и добивате мокра перница, која е плодно место за развој на габички.
Со текот на времето можете да добиете некоја габична инфекција, која може да го намали вашиот имунитет и да дојде до појава и на други болести, но во истиот момент сигурно нема да се разболите токму од мократа коса.
Сепак, кога ќе се разбудите можно е да ве боли глава или синуси.
Од друга страна, тука се и на естетските причини зошто не треба да спиете со мокра коса, бидејќи така можете да ја прекршите и оштетите косата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.