| четврток, 6 декември 2018 |

Настап на „Хауард госпел“ на „БитФест“ и две претстави на Битолино

Хорот „Хаурад госпел“ од Вашингтон, САД, вечерва ќе настапи во Битола во рамки на „БитФест 2015“.

gospel_1

Американскиот хор негува традиционална, но и современа госпел – музика, а тематски нивните композиции најчесто се определени со Исус Христос и христијанството. Хорот, кој во Македонија доаѓа со посредство на Амбасадата на САД во Република Македонија, имаше настап и на Охридско лето, на одбележувањето на 55-годишното постоење на оваа манифестација.

Хорот е една од најголемите институции што ја негуваат афроамериканската култура во САД. Нивното творечко мото е да и служат на вистината и вербата, преку интерпретацијата на духовна музика.

Вечерва, 6-ти август, на ИДТФ Битолино, исто така, се две претстави. Тоа се претставата на израелскиот театар од Модин „Четири басни и кралицата“ и претставата „Гласно и тивко“ на театарот од Грац, Австрија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top