Хрватската министерка за надворешни и европски работи Весна Пусиќ ќе отпатува во Каиро поради киднапираниот Хрват од страна на Исламска држава, која се закани дека ќе го обезглави Томислав Салопек ако египетската Влада не ги исполни нејзините барања.
Првата потпретседателка на Влада и министерка за надворешни и европски раноти Весна Пусиќ е во контакт со египетскиот министер за надворешни работи и во согласност со договорот со него и препораките ќе отпатува за Каиро, се посочува во соопштението од хрватското МНР, пренесува Хина.
ИД вчера објави снимка на која заробениот Салопек е на колена и вели дека ако египетските власти во рок од 48 часа не ги ослободат заробените муслиманки, тој ќе биде убиен.
– Јас сум Томислав Салопек, имам 30 години и сум од Хрватска. Оженет сум со Наташа, а имам две деца. Работам за француска компанија во Каиро, Египет. Војници на Исламска држава ме заробија на 22 јули. Сакаат да ме заменат со муслиманските жени, кои се во египетските затвори. Тоа мора да се случи во рок од 48 часа. Во спротивно, ќе ме убијат – порача на снимката Салопек.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.