| четврток, 6 декември 2018 |

Претреси во Тутунсуз џамија и во Јаја-пашина џамија, приведен имам

LISICI AKCIJA

Во текот на акцијата за апсење на припадници на ИСИС полицијата извршила претреси во повеќе објекти, меѓу кои и во Тутунсуз џамија и Јаја-пашината џамија. Притоа се уапсени повеќе лица. Еден од приведените, како што јави „Алсат“, е имамот Реџеп Мемиши, кој веќе подолго време ги контролирал овие две џамии без согласност од ИВЗ.

Според првичните информации од МВР, акцијата е насочена и против лица што учествувале во врбување  македонски државјани за учество во паравоени формации. Полицијата врши претреси и апсења во повеќе градови.

Во Скопје, Струга и во Куманово се уапсени неколку лица, но во тек се и претреси во објекти во Гостивар и на други локации.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top