Научнофантастичната акција „Фантастичната четворка“ премиерно ќе биде прикажана вечерва во Скопје. Станува збор за најновиот филм на компанијата „Марвел“, во кој дел од визуелните ефекти во соработка со МПЦ техниколор ги изработи македонската компанија за анимација и постпродукција ФХ3Х .
Кристијан Даниловски, косопственик и извршен продуцент во ФХ3Х за оваа соработка изјави дека на овој проект беше ангажирана група од 20 изведувачи, кои во текот на јануари и на февруари годинава работеа на 94 кадри.
– Филмот е модерна преработка на оригиналната приказна на најстариот Марвелов суперхеројски тим, и ова е веќе десетти Марвелов проект во кој сме вклучени. Пристапот кон модернизирањето е одличен, приказната е земена од „Ултимејт“, што за фановите значи свежа приказна, помлад тим и поатрактивна динамика. Овој пат во однос на ефектите во филмот, можеме да кажеме дека ликот на Суштество (The Thing) е целосно компјутерски изведен, и само очите на актерот се тие што не се компјутерски обработени – изјави Даниловски.
Според сценариото, четворица млади астронаути се телепортираат во далечен универзум и нивната физичка човечка форма се менува поради радијацијата со што добиваат натприродни способности. Четворицата мора да ги прифатат своите нови способности и да соработуваат како тим за да ја спасат планетата Земја од поранешен пријател, кој е, всушност, непријател.
Филмот нуди една многу поинаква верзија на првото семејство на Марвел од 2005 година, овој пат со интересен и атрактивен осврт на алтернативните димензии, телепортацијата, црните дупки и невидливоста.
Д-р Мичио Каку (Dr. Michio Kaku), теоретски физичар, на кого ликовите од „Фантастичната четворка“ му биле омилените суперхерои во детството, тврди дека некои од теориите за алтернативни димензии и не се толку далечни колку што изгледаат. Според него, науката и фантазијата не се многу далеку една од друга.
Премиерата на филмот е со почеток во 20 часот во киното „Синеплекс“.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст