МВР од рано утринава спроведува антитерористичка акција во неколку градови во државата за апсење членови на ИСИС.
– Антитерористичката акција на МВР е за приведување лица за кои постојат сомненија дека учествувале во паравоени формации во Сирија и во други региони каде што има воени конфликти, како и лица што врбувале македонски државјани за да учествуваат во борбите во Сирија – потврди за МИА портпаролот на МВР Иво Котески.
Акцијата, која е во завршна фаза, се одвива во неколку градови. Претреси се извршени во Скопје, Струга, Куманово, Тетово, Гостивар. За финалната фаза се ангажирани специјалците на МВР.
Подетални информации МВР најави во текот на денот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст