| четврток, 6 декември 2018 |

Нуклеарни прашања: Пет инциденти што го предупредуваат човештвото

zivotni cernobil

Нуклераните катастрофи и погрешното ракување со радиоактивните машини и материјалниот отпад спаѓаат во можеби најголемите закани на планетата и човечкиот род.

1. Три Милји

На реката Саскавехан во Мидлтаун во Пенсилванија се наоѓа островот Три Милји и истоимена нуклеарна централа. Во неа на 28 март 1979 година се случи нуклеарна катастрофа кога се стопи јадрото на реакторот ТМИ-2, што предизвика радиоактивно зрачење.

2. Подморницата К-19

Николај Владимирович Затајев бил командант на подморницата К-19, која вршела обуки во северниот дел на Атлански Океан. Откако дошло до истекување на дел од реакторот задолжен за ладење, Американците понудиле помош на капетанот, но тој одбил американските воени бродови да се вмешаат во инцидентот и наредил цело оружје да се фрли, што предизвикало радиоактивно зрачење. Осум членови на екипажот починале, а 26 биле одликувани.

3. Сарагоса

При одржувањето на еден акцелератор на клиника умреле 11 пациенти, а се повредени најмалку 27 лица. Најчесто доаѓало до изгореници на кожата и воспаление на внатрешните органи и на коскената срцевина. Од бирократски причини, повторниот преглед на радиотераписки машини бил одложуван, а подоцна се утврдило дека со неа не било управувано соодветно, т.е. дека одржувањето не било изведено правилно.

4. Фукушима1
Кога цунами го зафати подрачјето на кое се наоѓаше нуклеарната централа на 11 март 2011 година, дојде до нуклеарна катастрофа. Последиците беа такви што круг од 20 квадратни километри стана забранета зона, а средината и релјефот, за среќа, спречија загадувањето да се прошири.

5. Чернобил
Најпознатата нуклеарна несреќа на светот се случи на 26 април во 1986 година. Се смета за најголема нуклеарна катастрофа до сега. Поради експлозија на реакторот 4, радиоактивниот отпад се прошири во атмосферата, така радиоактивни облаци ја прекрија цела Европа.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top