Пукање со огнено оружје вечерва во 20,45 часот имало во селото Лопате-Куманово, во близина на железничката пруга.
Поради претходна расправија, браќата Фуркан (33) и Фарук (36) Авдии од селото Липково со ПМВ „ФВ-венто“ им го пресекле патот на Ремзи Алили (20) и на Фатон Зендели (22) од селото Отља, кои се превезувале со патничко моторно возило „ФВ-шаран“. Тие физички ги нападнале и со тврд предмет им нанеле телесни повреди, по што испукале неколку истрели од огнено оружје кон нив, но не ги погодиле, а два проектила завршиле во каросеријата на возилото. Ремзи и Фатон се хоспитализирани во Куманово, а по Фуркан и Фарук се трага.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



