Детски тела во парчиња пронајдени се во рускиот град Нижни Новгород, во стан во кој порано живееле шест деца.
„Раша тудеј“ пренесува дека специјален тим на полицијата покренал истрага а работниците на градинката во која оделе шесте деца навеле дека децата не доаѓале од 25 јули.
Во соопштението на полицијата се наведува дека никој не ја отворал вратата од станот во градот на реката Волга, па специјалците морале да влезат низ прозорецот и тука затекнале страшна глетка.
– Соседите рекле дека ден порано го виделе таткото на децата кој заминал во непознат правец. Ги бараме родителите на децата, а се обидуваме и да го утврдиме бројот на децата жртви, се наведува во соопштението на истражителите.
Неименуван извор од полицијата рекол за Интерфакс дека се пронајдени само делови од телата, како и дека е убиена и мајката на децата, која наводно била трудна.
Соседите родителите ги опишале како многу религиозни луѓе, кои на своите деца им забранувале да јадат риба и месо. Локалните медиуми наведуваат дека во семејството имало три машки и три женски деца.
Како осомничен за убиствата е наведен нивниот татко, 51-годишниот Олег Б. некогашен припадник на адвентистичката црква во регионот Владимир, кој бил прогонет поради прељуба, после што се преселил во Нижни, каде формирал семејство.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



