| четврток, 6 декември 2018 |

Најмалку 10 загинати во два напади во Багдад

Најмалку 10 лица загинаа, а 23 други се ранети денеска при два напади со автомобил-бомби во две шиитски населби во ирачкиот главен град Багдад, соопшти ирачката полиција.

багдад

Шест цивили загинаа, а 12 се ранети кога автомобил-бомба експлодирал во североисточната населба Садр Сити.

Неколку часа подоцна друга автомобил-бомба експлоцирала во северната населба Хусеинија, при што загинале четири лица, а 11 се ранети.

Досега никој не презеде одговорност за нападите.

Шиитските квартови во Багдад и останатите ирачки градови населени претежно со шиити се честа мета на напади на сунитските бунтовници.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top