Фекалиите и отпадните води по улиците во тетовско се закана од појава на стомачни вируси, дизентерија, жолтица како и туларемија.
Ова предупредување доаѓа од епидемиолозите по штетите што ги направи невремето во тетовскиот регион пред два дена.
Доктор Жарко Караџовски од ИЈЗ апелира до тетовци бидат внимателни, често да ги мијат рацете, домовите и дворовите да ги чистат со гумени чизми и ракавици. Храната која ја подготвуваат добро да ја варат, овошјето и зеленчукот прво да отстои во вода, а потоа добро да го измијат со силен млаз. Водата од селските чешми или од водоводот да не ја пијат, туку да се пие само флаширана или вода која до жителите се носи во цистерни. Доколку ја користат истата да биде превриена.
Според Караџовски посебна опасност има во неколку села каде во шталите има вода и која е сериозна закана за ширење на зарази. Апелира до надлежните ова да го решат во најбрз можен рок со темелно чистење на шталите.
– Во периодот пред нас би можело да се појави дезинтерија доколку има неквалитетна вода односно се пие од страна на граѓаните. Апсолутно, ентеровирусите се тие кои ги очекуваме наредната недела. Се препорачува физичко чистење на улиците, отстранување на цела кал и фекална контаминација на околината заради што може да се внесе во домовите и да станат заболувањето – изјави Караџовски.
И во март кога беа поплавите во битолскиот и штипскиот регион, Караџовски предупреди на појава на туларемија и истото се случи. Сега состојбата е посериозна имајќи в предвид дека е лето и дека надворешните температури се околу 38. степени и брзо може да дојде како до труења така и до брзо ширење на некои од заразните заболувања
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



