| четврток, 6 декември 2018 |

Почнува Меѓународниот детски театарски фестивал „Битолино“

Петтиот Интернационален детски театарски фестивал „Битолино“ ќе започне вечерва на новата сцена на битолскиот Центар за култура, со претставата „Не, не ти! Или за различноста“ на „Мала сцена“ од Загреб.

pretstava_zagreb

Претставата „Не, не ти! Или за различноста“ ќе биде изведена вечерва (5-ти август) во 18:30 часот.

Пред најмладата битолска театарска публика вечер ќе биде изведена и шведската претстава на теататарот од Лунд „Звучи – ЗУН ЗУН“. Покрај шведската, ќе гостуваат и претстави од Хрватска, Израел, Франција, Австрија и САД.

Интернационалниот детски театарски фестивал ќе трае до 7 август, со по две претстави дневно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top