Денеска во просториите на Министерството за одбрана се одржа состанок помеѓу делегација на Министерството за одбрана и Генералштабот на Армијата на Република Македонија, предводена од Министерот за одбрана Зоран Јолевски, и делегација на Високи воени претставници од САД, предводена од Генерал Вилијам Фрејзер III.
Јолевски и Фрејзер изразија задоволство од нивото на соработка помеѓу Македонија и САД. Помеѓу делегациите се разговараше за членството на Република Македонија во евро – атлантските структури.
-Република Македонија треба што поскоро да добие покана за членство во НАТО бидејќи тоа го заслужува со реформите од областа на одбраната. Членството ќе придонесе да се зајакне стабилноста не само во Република Македонија туку и во регионот и во Европа во целина. Членството на Република Македонија во НАТО е одлична прилика НАТО да покаже дека се проширува и дека се зајакнува. Статус кво ситуацијата со поканата на Македонија не е решение, изјави министерот Јолвески.
За време на состанокот Началникот на генералштабот на Армијата на Република Македонија порача дека Армијата на Република Македонија со години се докажува дека е спремна да биде дел од НАТО.
-Соединетите Американски Држави се искрен поддржувач на Република Македонија уште од осамостојувањето на државата. Горди сме на нашето долгогодишно партнерство со Република Македонија и ќе останеме посветени на идна соработка на регионално и глобално ниво, истакна генерал Фрејзер.
Учесниците на КАПСТОН програмата покажаа голем интерес за постигнатиот напредок на Република Македонија за приближувањето кон ЕУ и НАТО, културата и економијата, при што посебно беа импресионирани од достигнувањата во областа на одбраната.
КАПСТОН програмата е дизајнирана со цел новопромовираните генерали на Воените сили на САД, изворно да се запознаат со организацијата и структурата на одбраната, политичкиот систем и останатите институции на државите во кои се остварува посетата
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст





