-Во текот на изминатите два дена во најзагрозеното подрачје во Тетово и тетовско, Шипковица, четириесетина припадници на АРМ од гарнизонот Тетово, заедно со локалното население работат на отстранување на последиците од поплавите. Во ова село припадници на армијата со службени кучиња се ангажирани и во пребарување на теренот за пронаоѓање на девојчето кое исчезна во текот на поплавите, соопштуваат од ГШ на АРМ.
Началникот на генералштабот на АРМ, генерал-потполковник Горанчо Котески денес заедно со заменикот на министерот за одбрана на Република Македонија, Иљми Селами, заменикот на командантот на Здружената Оперативна Команда, бригаден генерал Мухамет Рацај и заменикот на командантот на 1. Механизирана пешадиска бригада, полковник Велин Стојановски ги посетија загрозените подрачја во тетовско кои беа погодени од поплавите пред два дена.
За време на посетата во Мала Речица и Шипковица се согледа состојбата на настраданите подрачја и можноста за ангажирање на дополнителни сили од АРМ за расчитување на штетите од поплавите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст






