| четврток, 6 декември 2018 |

ЕВН Македонија ги санираше дефектитe во поплавените региони и се вклучува во хуманитарните донации

Сите корисници од тетовскиот регион погоден од невремето имаат стабилно напојување со електрича енергија. Екипите на ЕВН Македонија успееа ги санираат сите дефектите. Надминат е проблемот и со најкритична трансформаторската станица во село Шипковица која беше целата под наносот од кал, камења и шут.

tetovo-7

Екипите на ЕВН Македонија и понатаму ќе останат на терен во случај да има потреба од понатамошни интервенции.

Покрај интензивните напори на екипите на ЕВН Македонија за отстранување на дефектите и санирање на мрежата во тетовскиот регион, ЕВН ќе се вклучи и во донаторската акција на Црвениот Крст за помош на населението од најпогодените подрачја.

Во следните денови, со помош на Црвениот Крст, ЕВН Македонија на жителите од тетовскиот регион, покрај вода за пиење ќе им достави средства за чистење и дезинфекција, неопходни за нивно повторно враќање во поплавените домови.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top