Екипите на ЈП „Улици и патишта“, кои вршат редовни контроли на состојбата на сообраќајните знаци за да се овозможи непречено и безбедно одвивање на сообраќајот, ги санираат и ги исправуваат оштетените знаци, а каде што има потреба поставуваат нови знаци.
Во првите шест месеци од годинава на улиците и на булеварите се поставени 300 нови сообраќајни знаци.
-При редовните контроли е утврдено дека оштетените знаци се бојадисуваат со спрејови, се користат како рекламни табли и на нив се лепи рекламен материјал, се искривуваат, а голем дел од нив се и целосно отстранети, соопштуваат од град Скопје.
Градот Скопје и ЈП „Улици и патишта“ апелираат до граѓаните да ги чуваат и да не ги оштетуваат поставените сообраќајни знаци и да ја почитуваат патната сигнализација со што ќе придонесат за безбедно одвивање на сообраќајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст



