| четврток, 6 декември 2018 |

Владините министри на терен меѓу граѓаните помагаат во справување со последиците

Владините министри на терен директно со граѓаните преку координација на активностите помагаат во справување со последиците од катастрофално невреме во тетовско. Вицепремиерот Владимир Пешевски и министерот за одбрана Зоран Јолевски во текот на вчерашниот ден ги посетија сите месни заедници во погодениот реон и директно од мештаните слушнаа за потребите кои треба да се превземат за побрзо санирање на последиците.

teren

-Олкави количини на материјал во населено место досега не се забележани да се нанесени. Имаме случај каде наносите на патен правец се речиси 6 метри високи, ќе биде потребно долго време да се отстрани. Локалните бизнисмени кои имаат своја градежна механизација ја имаат ставено целосно во употреба. Тука се, се разбира, и државните ресурси, кои преку Дирекцијата за заштита и спасување. Но ќе биде поголема механизација, особено во делот на камиони за да се расчистат патните правци. Сето она што го кажавме како заклучоци на Влада ќе треба да продолжи да се реализира, но мобилизацијата на сите наши ресурси веројатно ќе треба да потрае најмалку една недела за да дојде до приближно некакво нормализирање на состојбата. Се разбира, нормализирањето кај оние сопственици на домови коишто имаат штета ќе бара повеќе време, но за тоа оформивме соодветна комисија која ќе ги утврдува штетите, рече вицепремиерот Пешевски.

teren-1

Тој нагласи дека првиот приоритет е да се ослободи инфраструктурата. Блокирани се одредени домови, патни правци.

– Се наоѓаме на патниот правец Тетово-Јажинце. Може да се види во позадина во еден помал дел колку е блокиран, а од прилика на 500 метри од нас наносите се речиси 6 метри со тешки камења и ќе биде тешко тоа да се расчисти. Тоа е првиот приоритет. Останатите мерки, обезбедување на вода за пиење онаму каде што немаат е веќе преземено. Создадени се доволно резерви на вода за пиење. Црвениот крст во најзагрозените подрачја упати вода и определени прехранбени производи, а вечерва ќе бидат поделени средства за чистење на домовите. Брзата помош каде има потреба дава услуги, болницата исто така е во мобилизирана состојба. Сите ресурси кои државата ги има се ставени во функција за надминување на ефектите од кризата, но, како и секогаш, учеството на граѓаните е апсолутно неопходно. Она што можам да го видам на терен навистина се работи со огромен интензитет и волја од државните институции, но и од граѓаните и приватните компании кои сите свои ресурси ги имаат ставено за надминување на ефектит, рече Пешевски.

Министерот за одбрана Зоран Јолевски рече дека се работи за една голема непогода, се прават големи проблеми на населението и патните правци.

pom

-За жал во Шипковица има и жртви. Армијата на Република Македонија работи заедно со локалното население со цел да помогнеме да се најде девојчето кое исчезна синоќа. Имаме перманентно 50 војници кои се таму од сабајле, работат до доцните вечерни часови. Во текот на утрешниот ден ќе продолжат со тие активности. Дополнително, ќе донесеме и куче трагач со цел да ни помогне што побрзо да го најдеме девојчето, изјави вчера Јолевски.

razgl

Вицепремиерот Пешевски додаде дека смета оти не постои можност да се повтори истото сценарио, но бидејќи водата во изминатото деноноќие ги има формирано патеките, на тие патеки каде има нанос на материјал веќе е извршена евакуација, сите оние домови кои се оштетени и кон кои не може да се пристапи луѓето се извлечени и веќе се сместени кај свои роднини, пријатели.

-Ние на тие семејства ќе им дадеме и дополнителна парична помош еднократна за почеток од 30.000  денари како Влада. Мислам дека од аспект на некакви човечки жртви или нешто слично не би требало да се случи, се што е потребно е преземено. Треба да останат будни, припремени да ја следат состојбата, рече Пешевски.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top