СВР ШТИП до ОЈО Штип поднесе кривична пријава против М.В.(73) од Штип, претседател на Здружението на пензионери за општините Штип и Карбинци, зa злоупотреба на службената положба и овластување.
Пријавениот во временскиот период од почетокот на 2011 до крајот на 2014 година како одговорно лице, претседател на Здружението на пензионери за општините Штип и Карбинци и овластено лице во правниот промет, ја искористил својата службена положба и овластување на начин што без донесување на писмени одлуки од страна на извршниот одбор во здружението, вршел разни незаконски набавки од повеќе правни лица, при што на иститите незаконито им исплатил вкупна сума во износ од 3.101.051 денари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.