Дресот со бројот седум во Манчестер Јунајтед го носеле најголемите фудбалери на „црвените ѓаволи“. Минатата сезона Аргентиецот Анхел Ди Марија ја имаше таа чест да ја продолжи традицијата бидејќи за него Јунајтед плати неверојатни 75 милиони евра и се очекуваше да блесне во вистински сјај, но тој не само што одигра слаба сезона туку и е пред заминување од клубот.
Сепак Адидас кој е брендот кој ги изработува дресовите на најтрофејниот англиски клуб, знаше точно каде да го испрати новиот црвен комплет секако со бројката и името на грбот.
Дејвид Бекам е играчот кој последен го носел овој дрес со огромен успех. Адидас го почести Бекам и неговите синови со комплет за новата сезона.
Сега „седумката“ е на вистинското место.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.