Официјално најдобриот фудбалер на светот, Кристијано Роналдо синоќа го одигра 292. натпревар за Реал Мадрид во рамките на Ауди купот и со тоа се изедначи по бројот на настапи што ги одигра Португалецот за Манчестер Јунајтед.
Во Јунајтед дојде како 18-годишен млад фудбалер во подем во 2003 година, за шест години одигра 292 натпревари и потоа е продаден во кралскиот клуб за рекордни 80 милиони фунти.
За шест години поминати во двата клуба и еднакво одиграни натпревари јасно се гледа дека Роналдо во Реал Мадрид прерасна во вистинска ѕвезда и во најдобар фубдалер на светот.
Во Манчестер Јунајтед даде 118 гола и реализираше само еден хет-трик, додека во Реал досега е стрелец на неверојатни 302 гола и импресивна бројка од 29 хет-трика.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Зголемен бројот на туристи во Македонија
-
Мајката на Португалецот објави интересна фотографија: Роналдо е целиот на баба (фoтo)
-
Критијано Роналдо синоќа израмни историски рекорд на Раул, Реал М. прв стигна до 6 000 гола во Примера
-
Необичен момент пред шутот на Роналдо: Топката се подига пред ударот (видео)