
Целиот прв кат од куќата на Хасип Амети во Шипковица е затрупан со повеќе од два метра нанос од песок и кал. Се копаше со багери, лопати, мотики и со голи раце, но до собата каде што се претпоставува дека се наоѓа исчезнатото девојче тешко можеше да се пробие. Неуспешен беше и обидот да се пронајде телото со помош на армиското куче трагач. Водата, калта и песокот го спречија кучето да дојде поблиску и да намириса дали во просторијата се наоѓа телото на девојчето. Но луѓето не се откажуваат, копањето продолжува. Таткото на девојчето по кое се трага немо гледа во обидите на неговите соселани да направат нешто . До вчера им се радуваше на своите три деца, сега остана само со едно.

– Јас во тој момент не бев дома. Децата биле во долната соба од куќата заедно со мајка им и баба им. Бабата отишла да ја нахрани стоката. Во тој момент водата јурнала од сите страни. Собата во приземјето од куќата каде што беа моите три деца со мајка им почнала да се полни со вода со огромна брзина. Едното дете мајка му успеала да го спаси, но другите две не можеше, се удавија. Телото на малиот Ритан, кој немаше ни две години, го најдовме, сестра му, по сè изгледа, сè уште е затрупана во соба. Сè уште сум во шок и не знам како можеше сето ова да се случи – низ солзи вели за „Вест“ Хасип Амети, татко на починатото дете и на девојчето по кое се трага. Неговата и околните куќи биле први на удар на поројот, кој наеднаш надошла од планината. Четиринаесетгодишната Аниса Мухареми настрадала во соседната куќа.

Локалните жители велат дека во чајџилницата до џамијата загинал осумдесети и тригодишниот Хашим Фазлиу. Велат, едноставно не успеал да побегне навреме пред силната вода.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


