| четврток, 6 декември 2018 |

Туристички автобус oд Србија изгоре на враќање од море

Автобус на „Ласта“, кој сообраќал на линијата Будва-Белград, вчеравечер целосно изгоре кај Колашин, Црна Гора. Нема повредени, но во пожарот изгореле дел од багажот и голем дел лични документи, кои патниците не успеале навреме да ги земат со себе.

Автобусот изгорел околу 22 часот. Возачот застанал да го провери возилото откако светнала една од ламбичките на контролната табла. Веднаш се вратил и ги викнал сите патници да излезат од автобусот бидејќи моторот се запалил, пишува „Блиц“.

Пламенот го зафатил целиот автобус во рок од една минута. Полицијата и пожарната пристигнале на местото 20 минути подоцна.

 

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top