| четврток, 6 декември 2018 |

Пробиен патот кон Шипковица, кал и откорнати дрва на патиштата

Дирекцијата за заштитa и за спасување денес соопштува дека како последица од обилните врнежи во тетовскиот регион по повлекувањето на водата останаа наноси од кал и делови откорнати дрва на локалните патни правци.

tetovo-10

Во овој момент се работи на расчистување на сообраќајниците за да се обезбеди непречено движење. Патниот правец кон село Шипковица е пробиен, сега се работи на негово проширување. Механизација ангажирана од Дирекцијата за заштита и за спасување работи на расчистување на локалниот патен правец меѓу Селце и Вејце. Тетово – Јажинце, се работи на пробивање на магистралниот пат меѓу Порој, Џепчиште и Доброште, а се чисти и коритото на Поројска Река. Во Тетово, долниот крај на Диво Насеље, се расчистуваат подвозниците, ангажирана е една машина од ДЗС и механизација од ЈП „Водовод и канализација“ – Скопје, се вели во соопштнието.

Преку Дирекцијата за заштита и за спасување вкупно се ангажирани 15 багери и 29 камиони, а ќе бидат испорачани и 1.000 вреќи за песок, кои се побарани од Дирекцијата.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top