Повеќе од половина руски граѓани, 58 отсто, не би биле против целосно исклучување на интернетот во земјата, а 42 отсто веруваат дека странски држави го користат интернетот за да ѝ наштетат на Русија, покажуваат резултатите од истражувањето на американски стручњаци и Серускиот центар за истражување на јавното мислење, кои беа објавени вчера.
Анкетата покажала дека 49 проценти од испитаниците сметаат дека информациите на интернет треба да се цензурираат, додека 81 отсто не се задоволни од повиците на социјалните мрежи за протести против руската влада.
Само 10 отсто од Русите одговориле дека како најважни извори за информирање ги користат информативните сајтови, а шест проценти социјалните мрежи. За 60 отсто од граѓаните најважен извор на информација се државните телевизии, за шест проценти е радиото, за пет отсто весниците, а за другите регионалните медиуми.
Меѓу тие што не користат интернет, 39 отсто сметаат дека тој им штети на семејните вредности, а 33 проценти на политичката стабилност.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст