Истражувањата покажуваат дека галењето после секс е со причина. Паровите кои се галат после сексуален однос се многу позадоволни од својот сексуален живот за разлика од оние кои после секс сами прават нешто друго, пренесува „Танјуг“.
Всушност, галењето после секс многу повеќе влијае на односот отколку самиот секс. Истражување спроведено на 335 испитаници, според кое научниците заклучиле дека луѓето кои после водење љубов останале во кревет заедно уште 15 минути и се галеле биле многу позадоволни од оние што имале само предигра и секс.
1. Останете во кревет уште 15 минути. Наместо после секс да одите под туш или да продолжите со чистење на куќата, галете се со партнерот уште 15 минути. Така ќе бидете многу позадоволни од вашиот сексуален живот.
2. Изразете ги своите чувства. Не морате да си кажувате колку многу умирате од љубов, но после секс разговарајте за чувствата и убаво е да му кажете на партнерот дека го сакате. Секој сака да го чуе тоа, особено после секс.
3. Останете поврзани. Не само емоционално, туку и физички. Допирајте се со рацете, играјте со нејзината коса, галете го по грбот… Нема да верувате колку посреќни, поисполнети и позадоволни од сексуалниот живот ќе бидете.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


