| четврток, 6 декември 2018 |

Русија не планира воено да се ангажира во Сирија

russia-plans-to-sell-sophisticated-missile-systems-to-syria

Москва не разгледува учество на руски војници во конфликтот во Сирија, а такво нешто сирискиот претседател Башар ал Асад никогаш не ни побарал од Русија, изјави денеска прес-секретарот на рускиот претседател Владимир Путин, Дмитриј Песков.

– Тоа не се разгледува на ниту еден начин. Тоа прашање не е на дневен ред, изјави Песков, одговарајќи на прашање дали Асад побарал испраќање на руски војници во Сирија.

Според Песков, досега во контактите меѓу Москва и Дамаск „никогаш не се разговароло“ за таква можност.

Ваквата изјава на Песков уследи откако командантот на руските Воздухлпвно десантни сили, Владимир Шаманов рече дека „командосите се подготвени да се упатат кон Сирија, доколку добијат таква наредба“.

Коментирајќи ја оваа изјава, Псеков нагласи дека „не треба да постои сомнеж дека руските командоси ја исполнуваат секоја наредба на нивниот врховен командант“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top