| четврток, 6 декември 2018 |

Majката на загинатото девојче од Шипковица префрлена во болница

Мајката на девојчето кое вчера загина во поплавите во Шипковица, попладнево на раце беше префрлена во најблиското возило за да и се пружи медицинска помош во тетовската болница.

Како што изјавија жителите за „Сител“, денеска беше погребано 14-годишното девојче кое вчера загина во поплавите и лизгањето на земјиштето во Шипковица.

На мајката, потресена од ненадејанта загуба на детето, попладнево и се слошило и таа во тешка состојба е префрлена во тетовската болница.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top