Во текот на ноќта и во утринските часови реката Пена се повлекува во своето корито. По повлекувањето на водата останува наталожена кал која претходно била нанесена од излеаната река. Градежната механизација со својот агажман обезбедува непречено истекување на водата назад во коритото на реката, соопшти попладнево Дирекцијата за заштита и спасување.
Како последица од обилните врнежи, се вели во соопштението, вчера околу 18 часот во селата Шипковица, Порој , Мала и Голема Речица се оштетени голем број куќи, моторни возила, а за жал евидентирани се и човечки жртви (во овој момент неофицијано 5 лица).
– Вработени од Подрачното одделение -Тетово се на лице место на повеќето критични места додека во регионот на Тетово ангажирани се 10 припадници на републичките сили како и 15 – багери, 14 камиони и 17 пумпи за вода во справувањето со последиците од невремето. Од пумпите за вода активирани се две во Болницата во Тетово, а останатите се подготвени за да може да се активираат во секој момент. Активираната механизација и пумпи се од Тетово, Гостивар, Кичево и Скопје, се наведува во соопштението.
Во текот на минатата ноќ интензивно се работело на пробивање на патниот правец кон селото Шипковица кој бил во прекин поради настанато свлечиште. Од утринските часови патниот правец е прооден за сообраќај.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст