| четврток, 6 декември 2018 |

Здравко Чолиќ за малку ќе добиел ќотек на македонска граница

Иако здравко Чолиќ никогаш не сакал да го користи своето име за да добива привилегии, токму тоа што е познат го довело во опасност на македонко-српската граница. Балканската ѕвезда за малку ќе добиел ќотек, откако цариникот го препознал и го пуштил преку ред.

– Во суштина никогаш не сум го користел името за да имам некои привилегии, во странство луѓето никогаш и не ме препознаваат. Се сеќавам дека еднаш тогаш мојата ќерка беше мала и тргнавме на одмор во Порто Карас, но на граница имаше голема гужва. Цариникот ме препозна и ми понуди да застанам помеѓу два турски шлепери за побрзо да ја поминам царинската зона. Така и направив, но шоферите беа нервозни што паркирав меѓу нив и сакаа да ме линчуваат, а цариникот не можеше да ме заштити. Кога тргнаа да се пресметуваат со мене, се правдав дека надлежниот ме пушти, но џабе, не ме слушаа. За среќа се добро заврши, но сериозно можев да настрадам, открива Чола за српски „Скандал“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top