Фестивалот „Охридско лето“ ќе го прослави 55. роденден со голем концерт на духовна музика вечерва во Античкиот театар, со настапот на американскиот хор „Хауард госпел“ од Вашингтон.
Програмата на „Охридско лето“ за роденденот веќе неколку години наназад нуди несекојдневни доживувања, настани што по својот уметнички квалитет и атрактивност се издвојуваат од програмските содржини.
– Веќе 55 години „Охридско лето“ ги стигаше и достигаше највисоките врвови на светската уметничка елита, и во исполнителски и во творе;ки опус. Тоа што е важно за фестивалот, покрај светските музички и театарски имиња, кои секојдновно настапуваат на нашите сцени, се неколку содржини наменети за пошироката публика…Изминатите години 4 август, роденденот на „Охридско лето“, стана симбол за неповторлив настан, за концерти што долго се паметат – истакна селекторот на музичката програма на „Охридско лето“ Гордана Јосифива – Неделковска по повод вечерашниот концерт.
Хорот „Хауард госпел“ во својот репортоар негува традиционална, но и современа госпел музика, а во нивните композиции многу често проткајуваа темата за Исус Христос и христијанството. Членовите на хорот како и управата пресреќни што се дел од оваа најголема и најзначајна музичскосценска манифестација во овој дел на светот.
Реј Брембо, менаџер на американскиот хор, не кријеќи ја возбудата што првпат е во Македонија, изрази задоволство до „Охридско лето“ и Амбасадата на САД во Скопје што ја имаат можноста да се претстават пред охридската фестивалска публика.
– Хорот е една од најголемите институции што ја негуваат афроамериканската култура во САД. Нашето творечко мото е да се служи на вистината и вербата. Така што, се што правиме и каде и да одиме, вклучувајќи ја и Македонија, сакаме да го презентираме тоа што го правиме, а тоа е духовната музика – рече претседателот на хорот Брендон Кокс.
Фестивалот „Охридско лето“ официјално својот почеток го бележи со концерт одржан на 4 август во далечната 1961 година, со настапот на оперската певица Ана Липша Тофовиќ. Од година во година „Охридско лето“ се развива по нагорна линија, прераснувајќи во манифестација која претставува пример како треба да се негува и одржува еден фестивал. „Охридско лето“ се одржува секоја година од 12 јули до 20 август, а од 1994 година е редовен член на Европската асоцијација на фестивалите.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст