Вицешампионот на Македонија во кошарка, екипата на Куманово ќе дебитира во ФИБА Еврокупот, и тоа како дел од групата Ј во новоформираното натпреварување. Кумановци ќе играат со турскиот тим Турк Телеком Анкара кој е носител во групата, и со полскиот тим Роса Радом, како и со финскиот претставник КТП Баскет.
Анкара според квалитетот е прв фаворит за првото место во групата, но Куманово со досегашниот ростер и со уште неколку квалитетни засилувања би можело сериозно да се вмеша во битката за второто место и пласман во следната фаза од ФИБА Еврокупот.
Македонскиот вицешампион во првото коло, на 28 октомври, ќе и гостува на Турк Телеком Анкара. Првиот домашен меч е закажан за 4 ноември, кога во Куманово ќе допатува финскиот претставник КТП Баскет.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.