
Министерот за внатрешни работи Мирко Чавков синоќа заедно со премиерот Никола Груевски, потретседателот на Владата, Владимир Пешевски и министерот за одбрана Зоран Јолевски го посетија тетовскиот регион по катастрофалните поплави.
-Се работи за исклучително тешка ситуација, со несогледиви последици, тргнувајќи пред сè од загубата на човечки животи. Има четири жртви од оваа катастрофа, а има и повредени лица – истакна Чавков.
Министерот за внатрешни работи додаде дека денес на владината седница ќе биде дискутирано за состојбите во тетовскиот регион, кој беше зафатен од стихијата.
Силно невреме во тетовско одзеде четири живот. Х.Ф. (83), А.М. (14) и Р.А. (1,5) од Шипковица, како и А.И. (7) од Тетово се четирите жртви од вчерашното невреме. Според портпаролот на СВР Тетово Марјан Јосифоски, телата на починатите се пронајдени, а како исчезнато се води шестгодишно девојче од Шипковица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Последни
-
Сензационално: Северина се разведува од Игор, поради познатата водителка!
-
Фатална сообраќајка кај Струмица: Со „Корса“ излетал од патот, загинал на лице место
-
Шон Пен во Истанбул: Ќе снима документарец за убиениот новинар Џамал Кашоги (видео)
-
Димитров: Зборовите „нација со комплекс“ се извадени од контекст


