| четврток, 6 декември 2018 |

Поранешен младински репрезентативец е тешко повредениот во сообраќајката кај „Макпетрол“

pando

Поранешниот младински репрезентативец на Македонија во фудбал, Александар Пандовски, е тешко повредениот при сообраќајката кај бензинската пумпа на „Макпетрол“.

Со автомобил марка „голф“, Пандовски со брзина од околу 130 километри на час загубил контрола и влетал во бензинската пумпа. Со него бил неговиот татко, а и двајцата имаат сериозни повреди. Пандовски е во животна опасност и се наоѓа во кома.

Александар има само 23 години и има настапувано речиси за сите македонски селекции во младинска категорија, а играше за Вардар, Работнички и Хоризонт Турново, а сега сè уште е член на второлигашот „Еуромилк“.

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top