| четврток, 6 декември 2018 |

Татко и син тешко повредени во синоќешната сообраќајка

soob
Татко и син се тешко повредени во сообраќајната несреќа што се случи синоќа на бензинската „Макпетрол“ во Автокоманда.

24-годишниот А.П управувајќи со автомобил „голф“ загубил контрола, по што влетал и се забил во бензинската.

Возачот и неговиот татко, 52-годишниот М.П, кој бил сопатник, се здобиле со тешки повреди и се пренесени во Ургентен центар.

Полициски екипи извршиле увид на местото на несреќата.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top