| четврток, 6 декември 2018 |

Денеска повторно нестабилно време со дожд и со грмежи

Dozd skopje 07 (Custom)

Уште рано утринава слабо изразена нестабилност имаме во пошитокиот регион околу Охридско Езеро. Ноќта, конечно, беше малку посвежа и попријатна.

Според Метеопро денеска повторно очекуваме нестабилно време, со услови за локален пороен дожд во попладневните часови. Повторно западниот регион ќе биде тој во кој врнежите ќе бидат позастапени.

Сепак, денешната атмосферска нестабилност и процесите врзани со неа ќе бидат значително послаби од вчерашните! Температурата ќе биде умерено „висока“. Најтопло, но само до околу 35 Целзиусови степени се очекува да биде во јужниот дел на Повардарието. Посвежо, околу 30 степени, ќе биде во југозападниот регион, а во котлините во северниот крај максималната нема да надмине 33 степени.

Во Скопје максималната температура нема да надмине 33 степени. Во втората половина од денот ќе биде нестабилно, со услови за локален дожд и грмежи.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top