| четврток, 6 декември 2018 |

Груевски го посети Тетово во придружба на Пешевски, Чавков и Јолевски

Премиерот Никола Груевски заедно со вицепремиерот Владимир Пешевски, министрите за одбрана и МВР Зоран Јолевски и Митко Чавков, како и државниот секретар за транспорт и врски вечерва се во Тетово кое беше поплавено по големиот дожд кој се случи во понеделникот попладне.

11796197_1003149533049804_7551699079619207850_n_thumb_medium500_375 (1)

Државниот секретар за транспорт Божидар Петроски повика компании од Скопје со кои Владата има склучено договор за вакви ситуации.

Исто така, доаѓаат на испомoш и оние фирми кои Владата ги има ангажирано за овој регион. За утре е закажана и владина седница по повод предизвиканите поплави од обилните врнежи на која ќе се утврдуваат понатамошните активности и помошта за населението и субјектите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top